(Фото) Хана запеа на концерт со Тамара

Поп-пејачката Тамара Тодевска викендов одржа концерт на фестивалот „Струмица опен“. Пред крајот на концертот, на сцената со неа се качи нејзината ќерка Хана, која веднаш зеде микрофон и почна да пее.

„Толку беше среќна што ја викнав да дојде на сцена, ми дотрча во прегратка. И секако, веднаш го бараше микрофонот“, напиша Тамара покрај фотографијата што ја објави на „Инстаграм“.

Ова не е првпат Хана да запее јавно. Двегодишната ќерка на Тамара пред неколку месеци го привлече вниманието на гостите на промоцијата на последниот албум на „ДНК“, кога ги зеде микрофонот и запеа нешто по свое. Тогаш Тамара рече дека Хана сигурно ќе биде пејачка како неа.

Текстот (Фото) Хана запеа на концерт со Тамара е превземен од Reporter.mk.