Опасен астероид минува покрај земјата: Ова е единствена можност да го видиме (ВИДЕО)

Потенцијално опасниот астероид кој, според проценките на астрономите, е поголем од кулата Бурџ Калифа во Дубаи, ќе прелета покрај Земјата со брзина од 40.000 километри на час, а моментално е видлив и од помали телескопи.

Познат како 162082 PHA, ќе мине покрај нашата планета во текот на наредните денови на околу 6,2 милиони километри од Земјата.

Тоа што е посебно кај “летот” на овој астероид е тоа дека се случува релативно бавно. Со оглед на неговиот агол на приближување кон Земјата, таканаречените “ловци на ѕвезди” ќе може да го набљудуваат движењето на астероидот се до крајот на октомври.

Италијанскиот астроном Џанлука Маси во живо ќе го пренесува комплетниот лет преку страната Virtual Telescope Project, благодарение на своите роботски телескопи.

“Да се има потенцијално опасен астероид на видик не е честа појава. Во минатите 12 месеци имавме само два астероиди со приближно слична големина. Па така, ова е единствена можност да го видите PHA со својот личен, мал телескоп”, порачал Маси.

Маси исто така изработил прирачна карта на ѕвезди за оние кои сакаат да ја тргнат прашината од своите домашни телескопи.

Извор: Kurir.rs

Текстот Опасен астероид минува покрај земјата: Ова е единствена можност да го видиме (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.