Еден од најпопуларните турски актери, Бурак Озџивит, бил убав и како тинејџер, пишуваат турските медиуми. Тие неодамна објавија стари фотографии од глумецот кој стана популарен со улогата на Бали бег во серијата „Величенствениот“. Со долга коса, без препознатливата брада и мустаќи и послаб од сега, Бурак и пред петнаесетина години не бил многу поинаков од тоа како изгледа денес.
Актерот пред неколку дена е фотографиран во Солун, каде што се прошета со сопругата Фахрије Евџен, која е исто така глумица.
Текстот (Фото) Бали бег во тинејџерските денови е превземен од Reporter.mk.