Вештачка интелигенција која препознава мирис

Со децении, индустријата за парфеми се обидува да ги предвиди односите помеѓу молекуларната структура и мирисот. Проблемот е во тоа што не може само да се погледне во структурата и да се утврди врз основа на што ќе се добие мирисот. Затоа на помош се најдоа истражувачите од Google Brain тимот, кои се надеваат дека со помош на AI технологијата ќе успеат да го решат овој долгогодишен проблем.

Најголем проблем кај детекцијата на мирис е тоа што има субјективен ефект врз луѓето. Две лица ќе го опишат истиот мирис на сосема поинаков начин. Друг проблем е што индивидуалните молекули, иако се врзани на ист начин, но свртени како во огледало, можат да дадат сосема различни мириси. А работите само дополнително се комплицираат само кога ќе се почне со комбинирање на мириси.

Во теоретскиот труд објавен од истражувачите на Google, објаснет е начинот како како успеале да ги истренираат AI да препознава мириси. Тие креирале сет од околу 5.000 молекули, идентификувани од производителите на парфеми. Секоја молекул доби „опис“ кој поблизу го одредува неговиот мирис (тропски, ароматичен, цитрусен, ориентален…). Научниците користеле две третини од тие мириси за да го тренираат својот AI, за да придружат молекули на секој мирис. Последната третина од мирисите беше искористена за тестирање на алгоритмот, кој врз основа на структурата на молекулот требало да предвиди како ќе мириса. Тестот се покажа како успешен.

 

Текстот Вештачка интелигенција која препознава мирис е превземен од USB.mk.