Потенцијален опасен астероид, голем колку најголемите кули во Дубаи, ќе помине покрај Земјата со брзина од 40.000 километри, предупредуваат светските научници. Во моментов астероидот е видлив само на мали телоскопи.
Небесното тело е познато како 162082 PHA и покрај нашата планета ќе пролета на далечина од 6.2 милиони километри. Она што е посебно кај овој астероид е тоа што лета забавено. Поради аголот од каде се приближува, таканаречените „ловци на ѕвезди“, можат да го набљудуваат до крајот на октомври.
Италијанскиот астроном Џанлука Маси, во живо ќе го пренесува летот преку станицата Virtual Telescope Project, благодарение на неговиот роботски телескоп.
„Да имате потенцијално опасен астероид, кој е речисли неприметлив не е честа појава. Во изминатите 12 месеци имавме само два астероиди со слична големина. Ова е единствената можност да видите PHA, со мали телескопи“, вели Маси.
Текстот Опасен астероид ќе помине покрај Земјата е превземен од Reporter.mk.