Светската пејачка Мадона го сруши рекордот во музичката индустрија, со продажбата на билетите за нејзината престојна турнеја „Мадам Икс“, по рекордни цени од 750 долари. Досега најскапи влезници продале Бијонсе и Џеј Зи, со просечна цена од по 270 долари од билет.
Со ова пејачката ги демантираше критичарите кои најавуваа дека оваа турнеја ќе биде нејзиниот крај и дека никогаш нема да се врати на старата слава. Овој пат целта нема да ѝ биде трката по пари, иако претходно заработувала и по 300 и 400 милиони долари од турнеја. Пејачата сака со публиката да оствари посебен однос.
Според проценките на „Билборд“, кралицата на поп музиката од оваа турнеја ќе заработи околу 80 милиони долари и тоа само за 90 натапи. Досега има одржано 16 настапи во операта BAM Hauard Gilman, каде продала вкупно 30.969 влезници, односно околу 2000 по концерт. Досега Мадона профитирала со 9.600.000 долари.
Текстот Мадона продава билети по рекордна цена за нејзините концерти е превземен од Reporter.mk.