Српската пејачка Анабела Атијас мора да оди на операција на градите, пренесуваат српските медиуми. Неодамна лекарите и откриле деформитет на една од дојките, кој настанал за време на промената на имплантите стари 20 години. Пејачката вели дека ќе мора да оди на операција, за да не дојде до поголеми компликации.
„Случајно открив дека имам здравствен проблем. Немав отидено на лекарски преглед повеќе од осум години, па додека Луна летово се оправуваше од операцијата на градите, решив и јас да направам контрола. Ја направив вистинската одлука. Имав проблем со еден од имплантите кој мора да се отстрани“, изјавила Анабела.
Пејачката вели дека се решила да ги зголеми градите, затоа што имала комплекси кои ги добила по операцијата на туморот на дојката.
„Тогаш едната дојка ми изгледаше нормално, а другата не. Сега се ќе му препуштам на докторот кој ја оперираше и Луна“, изјавила Анабела.
Текстот Пејачката Анабела мора на операција е превземен од Reporter.mk.