Хрватската пејачка, глумица и старлета Нивес Целзиус повторно го привлече вниманието на јавноста откако на „Инстаграм“ објави слика на која прави шпага на ѕид. „Моите утра“, напиша таа покрај фотографијата, па доби коментари дека е многу еластична, секси и совршена.
36-годишната Нивес често објавува фотографии и видеа направени додека вежба. На објавите од вежбањето пишува дека тоа што жената родила деца не значи дека треба да се откаже од себе и од добриот изглед, и се надева дека ги мотивира другите да го следат нејзиниот пример за здрав живот. Нивес има две деца, ќерката Таиша и синот Леоне, а ги доби од бракот со фудбалерот Дино Дрпиќ.
Текстот (Фото) Нивес Целзиус направи шпага на ѕид е превземен од Reporter.mk.