Гравитацијата, како една од четирите фундаментални сили, претставува едно од најинтересните полиња за изучување во универзумот. Со објавувањетo на Теориите за Релативност, Алберт Ајнштајн го продлабочи нашето разбирање за природата на оваа сила, како и за начинот на кој што се однесуваат нештата во нашиот Универзум. Сознанијата од теориите за релативност доведуваат до предвидување за кое и самиот Ајнштајн бил скептичен дали некогаш ќе може да биде измерено. Одговорот за ова предвивдување го добивме во 2015-та година, кога тим од научници го направија едно од најголемите научни откритија во овој век.
Четвртото предавање од популарниот циклус ќе биде посветено на еден од најголемите научници на минатиот век, Алберт Ајнштајн, како и на едно од најголемите откритија во областа на физиката, оваа деценија. Предавањето Повелете за феноменот наречен Гравитациски Бранови ќе се одржи во четврток, со почеток во 20 часот, во Амфитеатарот при Факултетот за електротехника и информациски технологии.
Цената на влезницата изнесува 100 денари, а за членовите на Скопско Астрономско Друштво и за студентите од ФЕИТ, Машински факултет и ФИНКИ – Скопје, влезот ќе чини 50 денари (притоа посетителот треба да покаже членска карта или индекс).
Билетите се купуваат пред почетокот на предавањето, на влезот на амфитеатарот, и не е потребна претходна најава. Се замолуваат посетителите дојдат 10 минути пред почетокот, како би можеле навремено да купат билет и да се сместат во амфитеатарот пред почетокот на предавањето.
Текстот Предавање: Од Ајнштајн до гравитациски бранови е превземен од USB.mk.