Научниците ја одредиле татковината на сите модерни луѓе, јавуваат од Би-би-си. Тоа место е на југ од реката Замбези во Африка.
Денес тоа е подрачје во кое доминираат јами со сол, но некогаш на таа локација имало огромно езеро кое според научниците било во средиште на татковината на нашите предци пред 200.000 години.
Нашите предци според откритијата на научниците на тоа место живееле во текот на 70.ку на плодните зелени површини што довело до понатамошни миграции од Африка.
„Веќе некое време било јасно дека анатомски модерниот човек се појавил во Африка пред околу 200.000 години“ – изавила професорката Ванеса Хајес, генетичарка на Институтот за медицински истражувања Гаван во Австралија.
„Тоа за што долго време се воделе полемики е точната локација на тоа појавување и последичната дисперзија на нашите најрани предци“ – додала.
Подрачјето за кое се зборува се наоѓа на север од Боцвана. Истражувачите мислат дека нашите предци биле сместени во близина на огромното езеро во Африка познато како езеро Makgadikgadi.
„Тоа е големо подрачје и би било многу важно“ – вели Хајес.
Откако таму живееле околу 70.000 години луѓето продолжиле да одат понатаму.
Промената на климата во тој регион довела до бранови на миграција пред 130.000 и 110.000 години.
Првите тогашни мигранти заминале на североисток, а другиот мигрантски бран заминал на југозапад додека пак третиот останал на истото место сè до денес.
Оваа приказна се базира на следење на човечкото семејсно стебло користејќи околу сто примероци на митохондиска ДНК од Африканците.
Со комбинирање на генетиката и геологијата на тие симулации од климатските модели, научниците дошле до слика за тоа како афричкиот континент би можел да изгледа пред околу 200.000 години.
Студијата е објавена во списанието „Journal“, но била прифатена со резерва.
Текстот Научниците сметаат дека модерниот човек потекнува од Боцвана е превземен од USB.mk.