Порториканскиот пејач Рики Мартин и неговиот сопруг Џван Јозеф на „Инстаграм“ открија дека се родил нивниот син Рен Мартин Јозеф. Рен е четврто дете на двојката. Тие веќе ги имаат 11-годишните близнаци Матео и Валентино и 10-месечната ќерка Лусија.
Парот засега не открива дали и кој од нив е биолошки татко на детето. Но, и синот Рен, како и сите три деца претходно, ги раѓаат сурогат-мајки. Инаку, Рики и Џван се венчаа во јануари 2018 година, а пејачот никогаш не криел дека сака големо семејство со многу деца. Близнаците ги одгледуваше како самохран татко, а откако се венчаа со Јозеф, и тој ги посвои децата.
Текстот (Фото) Рики Мартин стана татко е превземен од Reporter.mk.