Ќе се снима серија со „Супермен“ и Лоис Лејн

Американската телевизиска мрежа The CW наскоро ќе се сними серија со „Супермен“ и Лоис Лејн. Главните улоги ќе ги толкуваат Тајлер Хаклин и Елизабет Тулох. Серијата ќе го следи животот на двојката, најпознатиот суперхерој од стриповите и неговата девојка, познатата новинарка.

Покрај секојдневните искушенија со кои ќе се соочат, Супермен и Лоис овој пат ќе глумат и родители. Во пренатрупаниот дневен распоред, двајцата ќе мораат да најдат време да ги одгледаат децата. Сценариото го работел Тод Хелбинг.

Тајлер Хаклин досега неколкупати го има глумено „Супермен“ во сериите кои снимени од The CW, а прв пат тоа го направи во „Супергрл“. Во истата серија глумеше и Толух. Се очекува новата серија да излезе наредната година.

 

 

Текстот Ќе се снима серија со „Супермен“ и Лоис Лејн е превземен од Reporter.mk.