Ријана ја промовира својата автобиографска фото-книга. На 504 страници се прикажани повеќе од 1.000 фотографии од славната пејачка од кој голем дел досега не биле објавени. Книгата го следи животот на славната музичарка – детството на Барбадос, патот до славата, животниот стил како суперѕвезда, приватните патувања низ светот…
На прашањето зошто избрала ваков формат за книгата, таа одговара искрено: „Затоа што немам време за мемоари. И моите фанови се млади и имаат синдром на дефицит на внимание. Да бидеме реални, тие повеќе би сакале да гледаат фотографии одошто да читаат.“
Ѕирнете низ фотографиите од книгата „Rihanna“:
Текстот (Галерија) Животот на Ријана низ фотографии е превземен од Reporter.mk.