Светската старлета Ким Кардашијан ја тужи авторката на апликацијата за дотерување на селфи iHandy, затоа што без дозвола искористиле нејзината фотографија за да се рекламира.
Кардашијан бара 10 милиони долари, затоа што нејзината фотографија била употребена и за реклама за производство на шминки, но и за сопствена реклама на самата авторка.
Станува збор за апликација на која може да се додава шминка, филтери и да се менуваат одредени карактеристики. Американските медиуми пишуваат дека одбраната на адвокатите на авторката ќе се основа на тоа што нивниот клиент не знаел дека е во прашање селфи на Кардашијан.
„Апсурдни се тврдењата дека авторката не знаела дека станува збор за фотографија на Ким Кардашијан. Тоа е една од најпознатите и најпрепознатливи жени на светот“, изјавиле од адвокатскиот тим на Кардашијан.
Текстот (Фото) Ким Кардашијан бара десет милиони долари за украдена фотографија е превземен од Reporter.mk.