Никол Шерцингер го бара убиецот на брат ѝ

Пејачката Никол Шерцингер и поранешна членка на групата „Пусикат Долс“, преку социјалните мрежи побара помош од нејзините пријатели да го најде убиецот на нејзиниот брат Џон Фредерик.

Братот на пејачката загина во сообраќајна несреќа минатата недела, а одговорниот за сударот побегнал од местото на несреќата.

„Тој ден беше ноќен кошмар од кој нема да се разбудам никогаш. Со тешко срце се простив од мојот брат Џон, кој минатата недела настрада во сообраќајна несреќа“, напиша пејачката Никол Шерцингер на „Инстаграм“.

Џон загина на 26 октомври на пат во Флорида. Некој го удрил со автомобил и побегнал од местото на настанот, а Џон загинал на лице место.

„Целото семејство е скршено затоа што некој го остави да умре. Знам дека сега е на подобро место. Драги Џон, многу те сакав. Поради тебе светот беше подобро место“, напиша пејачката, која од своите пријатели побара помош за пронаоѓање на сторителот.

„Ако некој има информација, ве молам контактирајте ме. Ако ова го чита сторителот на несреќата, нека има храброст и достоинство да признае“, порача пејачката, која понуди и парична награда за било каква инфорамција.

 

 

Текстот Никол Шерцингер го бара убиецот на брат ѝ е превземен од Reporter.mk.