Фолк пејачката Татјана Лазаревска вечра имаше топ друштво во својот дом во Мелбурн, Австралија каде веќе живее четири години. Таа заедно со фолк пејачката Благица Павловска која е во Австарлија и Маријана, сестрата на Росана се дружеа и објавија заедничка фотографија.
„Музичко пријателство без граници. Живи легенди“, напиша Татјана под фотографијата.
Фолк пејачката пред повеќе од четири години се пресели во Австралија заедно со сопругот и двата сина. Таа во интревју за „Репоретр“ откри дека во Мелбурн често се дружат со Маријана, но и дека понекогаш се гледа и со Тошо Малерот. Во Малбурн, таа работи како негователка во градинка, а сопругот Јовица вози школски автобус.
Текстот (Фото) Пиво и полна трпеза-Благица Павловска кај Татјана во Австралија е превземен од Reporter.mk.