Членовите во парламентарниот одбор на САД го посочија директорот на авиокомпанијата „Боинг“, Денис Мујленберг, дека неговата компанија е директно одговорна за двете авионски несреќи во Етиопија и Индонезија во кои загинаа 347 патници. Пратениците му посочија на Мујленберг голем број пропусти кои, според нив, покажуваат дека компанијата повеќе го ценела профитот отколку безбедноста.
Мујленберг ја признал вината и сериозните пропусти и грешки кои ги направила компанијата кои придонеле за смртта на патниците, но негирал дека грешките се настанати заради кратење на трошоци и зголемен профит. За време на истрагата откриени се пукнатини во конструкцијата на леталото.
Пратениците, исто така, го довеле во прашање неговото преземање на одговорност.
„Дали сега имате помала плата, работите ли бесплатно за да го решите овој проблем“, го прашал претеникот Стив Коен.
Компанијата направила сериозни грешки во врска со клучниот безбедносен систем, познат како MCAS, а Мујленберг објаснил дека сега се приземјени повеќе од 50 авиони и истите нама да полетаат се додека не биде поправен дефектот.
Двете несреќи кои ја сериозно ја разнишаа репутацијата на авиокомпанијата се случија за помалку од шест месеци. Едната несреќа се случи во март, во Етиопија, во која загинаа 157 лица, а втората во Индонезија, каде загинаа 189 патници.
Текстот Поради желба за профит загинаа 347 патници на авиокомпанијата „Боинг“ е превземен од Reporter.mk.