Родителите на тригодишната Офелија, Натали и Бен, ја зачлениле својата ќерка во Менса, друштвото на високоинтелигентни луѓе, иако биле свесни дека ќе ги обвинуваат оти премногу ја форсираат. Просечен коефициент на интелигенција на луѓето е 100 и најчесто се движи меѓу 85 и 115. Офелија постигнала резултат од 171 на тестот Стенфорд-Бинет, наменет за деца од двегодишна возраст.
„Уште кога имаше осум месеци почнавме да сфаќаме колку паметна би можела да биде. Првиот збор го изговори неколку месеци порано од вообичаената норма. Потоа многу рано почна да кажува и бои, букви и бројки“, вели Натали Морган.
Пред да наполни две години, Офелија веќе ја знаела целата азбука. Дури кога тргнала во забавиште, Натали и Бен сфатиле дека таа е многу понапредна од другите деца на нејзина возраст.
Ја пријавиле Офелија на тестирање, на кое се испитуваат вербални и логички вештини и просторна свесност. Резултатот бил неверојатен.
„Исклучителните деца брзо ги восприемаат работите, имаат добра меморија и се повнимателни кон она што се случува околу нив. Имаат желба за учење и цело време поставуваат прашања. Тие не запираат сè додека не легнат да спијат. Во сето тоа, родителите не треба да заборават дека нивните тела и емоции се сè уште детски“, вели психологот и детски советник во Менса, Лин Кендал.
Наталија вели дека Офелија е тригодишно девојче во секоја смисла на зборот и прави нормални работи за нејзина возраст, но и цело време учи нови работи.
„Понекогаш ми се чини како да разговарам со 19-годишничка. Таа знае како да води разговор и да искаже свои идеи“.
Текстот Тригодишно девојче има коефициент на интелигенција 171 е превземен од Reporter.mk.