Македонка меѓу најубавите на избор во Косово

20-годишната Ангела Анчевска од Куманово ја освои титулата прва придружничка на изборот Miss Freedom of the World што викендов се одржа во Призрен, Косово. На изборот учествуваа убавици од 15 држави. Победи претставничката од Мексико, а втора придружничка е убавицата од Португалија.

Анчевска студира на Филозофски факултет во Скопје и веќе две години работи како модел. Таа на изборот замина со поддршка на Роберт Граматиков, национален директор за овој избор во Македонија.

Ангела следениот натпревар ќе го има во ноември во Кина.

 

Текстот Македонка меѓу најубавите на избор во Косово е превземен од Reporter.mk.