Ќерката на Берни Еклстоун ќе стане мајка

Ќерката на поранешниот прв човек на „Формула 1“ Берни Еклстоун, Петра, го очекува првото бебе со нејзиниот вереник Сем Палмер, пишува британски „Сан“. Таа од поранешниот брак со Џејмс Стунт има три деца.

Семејството преку социјалните мрежи ги сподели убавите вести. Петра е во дванаесеттата недела од бременоста и е во одлична состојба, велат блиски извори од семејството.

„Петра и Сем се воодушевени. И двајцата се семејни луѓе, а за тоа да имаат дете разговараа уште на почетокот на врската. Двојката мина низ неколку тешки периоди, но сите проблеми ги надминаа и ги оставија зад себе“, изјавил извор близок до семејството.

Петра и Сем веридбата ја објавија на Нова година, а венчавката, која требаше да се случи на лето, беше откажана. Медиумите пишуваат дека прична за одлагање на венчавката е семејството на Петра, кое сметало дека работите се одвиваат пребрзо за неа. Новиот термин досега не е објавен.

 

 

Текстот Ќерката на Берни Еклстоун ќе стане мајка е превземен од Reporter.mk.