Неколку моменти пред да биде срушена вилата на најпознатиот наркобос во светот,Пабло Ескобар бил снимен дух како се шета низ ходниците. Работниците кои биле задолжени за рушењето велат дека забележале силуета како се движи низ ходникот и собите.
Колумбиските власти годинава донесоа одлука вилата на Ескобар целосно да биде срешуна. На ова место светскиот наркошеф и неговото семејство живееја во периодот во 80-те години. Работниците кои ја забележале необичната појава велат дека користени се 375 килограми експлозив за целосно рушење.
Додека го поставувале експлозивот се иплашиле од необична бела силуета, која минувала меѓу прозорот и големиот влез. Тие велат дека истата исчезнала и одлетала кон небото во моментот кога бил активиран експлозивот и зградата се срушила.
Голем број корисници на социјалните мрежи коментираат дека станува збор за силуета дух, а некои тврдат дека станува збор за духот на самиот Ескобар. Други, пак, велат дека станува збор за работник кој се нашол на погрешно место во погрешно време.
Текстот (Видео) Снимен дух во вилата на Пабло Ескобар е превземен од Reporter.mk.