Експеримент на Microsoft во Јапонија, продуктивноста скокнала за 40 отсто

Microsoft воведе пробна работа од само четири дена во неделата во Јапонија и резултатите беа неверојатно – продуктивноста скокнала за дури 40 проценти. Сè поголем број помали компании усвојуваат четиридневна работна недела. Но, резултатите од неодамнешната проба на „Мајкрософт“ посочуваат дека ваквата пракса можат да ја воведат и големите компании.

Компанијата воведе програма ова лето во Јапонија наречена „Предизвик за животниот век на работа“, одлучувајќи да ги затвори своите канцеларии секој петок во август и да им даде на сите вработени дополнителен ден за одмор секоја недела.

Резултатите беа изненадувајќи – додека времето поминато на работа се намали драматично, продуктивноста – мерена со продажба по вработен – пораснала за речиси 40% во однос на истиот период претходната година, соопшти компанијата.

Покрај намалувањето на работното време, менаџерите го повикаа персоналот да го намали времето што го минуваат по состаноци и во одговарање на електронската пошта. Тие посочија дека состаноците не треба да траат повеќе од 30 минути. Вработените исто така биле охрабрени да ги намалат состаноците со користење  апликација за онлајн пораки.

Повеќе од 90% од 2.280 вработени во Microsoft во Јапонија подоцна изјавиле дека ги почувствувале ефектите од новите мерки.

Текстот Експеримент на Microsoft во Јапонија, продуктивноста скокнала за 40 отсто е превземен од USB.mk.