(Видео) Џенифер Лопез едвај ги задржа солзите откако ја прими Ем-ти-ви нагрдата

Синоќа на Џенифер Лопез ѝ припадна честа да ја прими престижната награда „Michael Jackson Video Vanguard Award“, која им се доделува на музичари со големи постигнувања во светот на музиката и филмот.
За време на говорот, емотивната пејачка им се заблагодари на своитедеца, близнаците Макс и Ема и на сопругот Алекс Родригез, кои заедно со нејзината мајка Лупе беа во публиката.

„Бев опседната со работата и тоа ми се допаѓаше некое време. Само работев, работев, работев. Но, сè се промени откако во мојот живот пристигнаа две мали ангелчиња. Знаев дека морам да бидам подобра, знаев дека морам да одам погоре, знаев дека морам да бидам посилна одошто претходно. Преку нивната безусловна љубов, мојата кариера и мојот живот станаа појасни во секоја смисла. Денес стојам тука посилна и подобра отсекогаш. Ви благодарам Макс и Еми. Има уште толку многу да се направи, но во моето срце знам дека поради вас иднината е многу посветла од сè што досега сум постигнала“ – рече Лопез во своето обраќање до нејзините две деца.

Откако им се заблагодари на своите соработници и на семејството, Џенифер му се обрати на својот сопруг Алекс Родригез, велејќи: „Алекс, ти ми си како сродна душа. Животот ми е посладок и подобар со тебе, бидејќи со тебе секој ден сфаќам дека небото не е граница, дека универзумот е бесконечен, како што е и она што ние заедно можеме да го постигнеме со љубов и доверба и разбирање. Има уште многу нешта да се направат и искусат и не би сакала да ги правам со никој друг. Ти си мојот мачо и те сакам“.

Текстот (Видео) Џенифер Лопез едвај ги задржа солзите откако ја прими Ем-ти-ви нагрдата е превземен од Reporter.mk.