Светската глумица Анџелина Џоли во нејзиното последно интервју за Harpers Bazar откри дека е му е лута на Бред Пит и дека судот ја принудил со децата да живее во негова близина.
„Не сакам ни името да му го изговорам. Во моментов сум принудена да живеам во негова близина поради судот. Но, веднаш ќе се преселам ако треба и надвор од Америка за да бидам подалеку од него. Чекам само децата да станат полнолетни“, вели Џоли.
Таа и Пит се разделија во 2016 година. Од тогаш не можат да се договорат за разделбата на богатството и старателството над нивните шест деца. Двајцата водат битка за старателството над Вивиен (11), Захара (14), Шајло (13), Нокс (11), Пакс (15) и Медокс (18).
Текстот Џоли не сака ни името да му го изговори на Бред Пит е превземен од Reporter.mk.