Раперот Еминем (47) ја промовираше вчера биографијата „Not Afraid: The Evolution of Eminem“. Тој во јавноста откри досега непознати работи за животот. Еминем славата ја стекна во деведесеттите години , па раскажа дека тоа било време кога поради славата претерувал до таму што неколку пати за малку ќе умрел. Елтон Џон (72) му помогнал да излезе од врлогот на дрогата.
„Славата ме удри како со цигла“, рекол Еминем, кој во тоа време постојано се забавуваше, консумираше алкохол, разни дроги, носеше наполнето оружје со себе, се тепаше и неколку пати беше на суд.
Таа критична 2007 година, како што пишува во книгата, наеднаш зел четири врикички хероин. Докторите му кажале дека ако дошол два часа подоцна ќе умрел.
„Имаше денови кога лежев во кревет, голтав таблети и плачев. Ми беа потребни таблети во телото за да се чувствувам нормално, но мене ми беше само полошо. Беше тоа маѓепсан круг, од кој евдај излегов“ – раскажал Еминем. И по оваа ноќ продолжил да се дрогира, за на крај да побара помош од Елтон. Популарниот пејач му помогнал на Еминем да престане да консумира опојни дроги.
„Елтон Џон ми беше совршен ментор. Ми се јавуваше секоја недела да праша како напредувам и така станаавме многу блиски“ – пишува во биографијата.
Пред Елтон, кој и да се обидел да му помогне, Еминем го бркал од себе. Не сакал да прифати дека има проблем, открива раперот.
Текстот „Плачев и голтав таблети“, Еминем прозборе за тешките денови е превземен од Reporter.mk.