Над стотина коали загинале во пожарите во Австралија

Научниците стравуваат дека над стотина коали загинале во пожарите кои се случија изминатиот период во Австралија. Уништен е голем дел од територијата на источниот брег на Австралија, места каде најмногу е населен овој ендемски вид. Претседателот на Друштвото за заштита на коалите, Сју Ештон, изразила надеж дека властите ќе дозволат да се почне со спасувачка акција на преживеаните коали.

Од здружението посочиле дека имаат намера да го пребараат теренот што бил зафатен од пожарите. Пожарот бил предизвикан од гром во петокот во една од шумите во државата Нов Јужен Велс, 300 километри северно од Сиднеј. Како последица на овој пожар, изгореле 2000 хектари шума, односно две третини од живеалиштата на коалите.

„Ако ја погледнеме стапката на преживување од 50%, тоа се околу 350 коали и тоа е апсолутно поразувачки податок. Се надеваме дека ситуацијата на терен не е таква лоша, но поради интензитетот на пожарот и начинот на кој коалите се однесуваат за време на пожарот, не можеме премногу да се надеваме“, вели Ештон.

Таа објаснува дека за време на пожарите, коалите се качуваат високо на дрвјата. Ештон објаснила дека колонијага главно е здрава и генетски разнолика, како и дека ова животно ги сака крајбрежните шуми.

Од Светскиот фонд за заштита на природата WWF, и Советот за зашита на природата, се загрижени дека ова животно до 2050 година целосно ќе изумре. Научниците користеле сателитски снимки за мерење на забрзаната стапка на уништувањето на шумата, за да се измери влијанието на ранливите и загрозени видови.

„Австралискиот WWF проценува дека во сојузната држава Нови Јужен Велс, останале помалку од 20.000 коали. Со ова темпо за 40 години, овој ендемски вид целосно ќе изумре“, вели еден од членовите на WWF, Стјуард Бланч.

 

Текстот Над стотина коали загинале во пожарите во Австралија е превземен од Reporter.mk.