Познатиот актер Дејвид Духовни (58) повеќе од една година ужива во љубовта со 33 години помладата поранешна фудбалерка Моник Пендлбери. Тој е татко на две деца, кои ги има од бракот со претходната сопруга. Парот беше сликан на плажа во Малибу, а посебно внимание привлече младата девојка на славниот актер. Славниот актер, кого публиката го памети по култниот серијал Досие Х, во врвот на популарноста го изгуби тлото под нозете, пишуваат медиумите, па во приватниот живот стана голем зависник од секс, што доведе до крах на неговиот брак.
„Најголем проблем беше во тоа што не можев да одбијам ниту една девојка која сакаше да ми пружи сексуални услуги. Буквално не гледав каде го ставам“, кажа актерот по првата од низата рехабилитации со кои се обидуваше да се излечи од зависноста од секс. „Морав да имам секс постојано. Не знаев да кажам не. Секаде имав секс, не внимавав ни дали некој ќе ме види. Страшно е тоа. Среќен сум што по рехабилитациите, конечно, сум добро“, рекол во интервју актерот. Дејвид наскоро ќе го прослави својот 59. роденден, а и понатаму се однесува како 30-годишник, пишуваат медиумите, кој со 25-годишната Моник за првпат е виден во јуни 2017 година.
Текстот Не гледав каде го ставам, Дејвид Духовни прозборе за зависноста од секс е превземен од Reporter.mk.