Продукциската куќа Magic City films сака повторно да го оживе ликот на глумецот Џејмс Дин. По повеќе од шест децении од неговата смрт, со помош на специјални ефекти Џејмс Дин „ќе глуми“ во филмот Finding Jack.
Од продуциската куќа најавија дека снимањето се очекува да почне наскоро. Џејмс ќе ја има улогата на Роган. Во изработката на специјалните ефекти ќе учествува канадското студио Imagine Engine и јужноафриканското студио MOI Worldwide. Ќе се користи технологија „целосно тело“, која ќе има за цел да создаде слка на движење на човек.
Во создавањето на ефектите ќе бидат користени фотографии и снимки од поранешниот актер. Magic City films ги откупи од семејството на Дин, сите права за користење на неговиот лик и дела.
„Неговото семејство и пријатели сакаат повторно да го видат Дин на филм. Ова за нив ќе биде четврт филм, кој тој никогаш не успеал да го сними. Ветуваме дека нема да ги разочараме“, изјавил Антон Ернст претставник од продукциската компанија Magic City films.
Џејмс Дин загина на 30 септември 1955 во сообраќајна несреќа, на 24-годишна возраст, кога со своето Порше удри во друг автомобил во Калифорнија. Се појави во три филма – „Бунтовник без причина”, „Источно од рајот” и „Џин”, а за последниве два беше номиниран за Оскар.
Текстот Џејмс Дин повторно на филм е превземен од Reporter.mk.