Фотографиите од ледени овални формации создадени со ретко совпаѓање на фактори на островот Хаилуото во северна Финска ги изненадија корисниците на социјалните мрежи и брзо станаа многу гледани.
Фотографиите на ледени јајца, со разна големина, ги снимил жителот на Оулу и аматерски фотограф Ристо Матила додека шетал на плажата Марјаниеми во Остроботнија.
Тој признава дека првпат наидува на ваква необична појава иако 25 години живее во близина на морето.
Јуни Ваинио од финскиот Метеоролошки завод објасни дека ледените јајца, иако се ретки, имаат научно објаснување.
За да се појават, потребна им е ретко видена комбинација на воздух и водни услови со можност аа замрзнување, објаснува Ваинио.
За тој процес клучно е и точно одредено количество ветар.
Тој исто така истакна дека Матила имал среќа да наиде на јајцата затоа што тие траат многу кратко во оваа форма – или се топат или се претвораат во големо парче мраз.
Текстот Бизарните ледени јајца на брегот на Финска станаа атракција е превземен од USB.mk.