Ќерката на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Рејчел, е снимена како фрла пелена на автопат во Хрватска и покрај тоа што корпата за отпадоци била на само неколку метри од неа.
Фотографиите кои веднаш се најдоа на социјалните мрежи ги налутија Хрватите, кои во своите коментари пишуваа дека Рејчел се однесувала недолично како турист во странска земја и ги занемарила правилата на домашно воспитување.
„Се враќавме дома вечерта, запревме на една бензиска пумпа на автопатот во Хрватска. До нас се паркираше автомобил, а од него излезе кралската двојка. Рејчел, ќерката на унгарскиот премир Виктор Орбан, и нејзиниот сопруг“, изјавил турист за порталот nyugatifeny.hu.
Потегот на Рејчел, која била во блажена состојба, бил изненадувачки за многумина посетители. Таа го преслекла детето и наместо да направи неколку чекори до поставената канта за ѓубре, пелената ја фрлила на патот.
„Ѝ довикнав: Зарем татко ти не те научи на пристојност? Таа се сврте и се врати во автомобилот. И нејзиниот сопруг избега како зајак. Јас сум крајно вознемирен. Мене ме учеа на пристојност и култура кога ќе се најдам во туѓа земја. Да бидам добар гостин, а не да фрлам пелени каде ќе стигнам. Очигледно на студиите по туризам во Швајцарија никој не ја научил на ништо“, изјавил еден турист за унгарски портал.
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, секое лето се одмора во Хрватска. Минатото беше во посета на Опатија, а последниот ден од својот годишен одмор го искористи за неформално кафе со хрватскиот колега Андреја Пленковиќ. Покрај Рејчел, Орбан има уште четири деца.
Текстот Ќерката на премиерот фрли пелена на автопат во Хрватска е превземен од Reporter.mk.