Меѓународен тим на научници велат дека погрешно било мислењето на светската научна заедница за неандерталците. Тие велат дека оваа заедница не биле така примитивна како што се мисли.
Тие велат дека доказите кои ги нашле во Тарагонија, претставуваат уште еден доказ кој ги потвртува нивните теории. Необичниот праисториски накит, направен од канџи на орел претставува дека кај неандерталците било развиено чувство на повисок степен на свесност.
Овој накит, научниците велат дека бил изработен пред 39.000 години. Нивното откритие целосно ќе го промени погледот на научната заедница кој го имаат за културата на неандерталците.
„До пред 50 години, за неандерталците важело мислење дека биле примитивни, груби луѓе, кои изумреле затоа што не биле така добро прилагодливи како ние, хомо сапиенс“, изјавил главниот истражувач на студијата, Антонио Родригез Хидалго.
Но, необичниот доказ покажува дека неандерталците биле слични на нас и дека биле во состојба да формулираат сложени симболички мисли и чувство за естетика.
„Неандерталците користеле орлови канџи како симболички елементи, веројатно како висечки украси“, вели Родригез. Новото откритие припаѓа на култура типична за последните неандерталци кои живееле во Европа, пред да стапат во контакт со хомо сапиенс.
„Орнаментот пренесува порака и е поврзан со развојот на сложениот јазик и развојот на модерните видови на спознанија, продолжување на уметноста, пренесувањето на апстрактните идеи и пораки“, вели Родригез.
Резултатите од истражувањата на научниот тим Родригез вели дека се објавени во списанието „Сајенс адвансис“.
Текстот Научниците откриваат дека неандерталците не биле примитивни е превземен од USB.mk.