Холивудската глумица Џејми Ли Кертис, во интервју за магазинот „Варајати“ прозборе за својата борба со зависноста од наркотици и лекови. Таа откри дека првпат земала кокаин заедно со татко ѝ, актерот Тони Кертис, и дека неколку пати се дрогирале заедно.
„Знаев дека татко ми има проблеми, а имав и јас, па ја делевме дрогата. Понекогаш јас бев единственото дете во семејството што сакаше да разговара со него. Имав шест браќа и сестри, сега се пет. Брат ми Николас почина од предозирање со хероин кога имаше само 21 година“, рекла Џејми.
Таа раскажала дека се дрогирала со таблети против болки цели 10 години. Вели и дека зависноста на татко ѝ воопшто не ѝ помогнала во нејзиното одвикнување.
„Тој некое време беше чист. Околу три години се трудеше да се одвикне, но не му успеваше. Јас бев како него. Постојано земав лекови, ги крадев, лажев. Никој не знаеше што ми се случува. Никој. Добро се криев“, вели таа во интервјуто.
Таа во 1999 година прв пат се пријавила на одвикнување, а тоа му го признала на сопругот Кристофер со кого е во брак 33 години.
„Одлучив да го прекинам тој циклус кој ги уништуваше животите на моето семејство со генерации. Тоа што останав трезна беше моето најголемо достигнување. Поголемо од тоа што се омажив, поголемо од тоа што имам две деца, или од било кој успех. Чиста сум повеќе од 20 години, но и понатаму посетувам состаноци за зависници“, раскажала Џејми.
Текстот „Се дрогирав заедно со татко ми“ – Џејми Ли Кертис прозборе за зависноста од наркотици е превземен од Reporter.mk.