Директорот на компанијата SpaceX, Елон Маск, планира да изгради град на Марс. Тој ги изнесе деталите за она што сè е потребно за патувањето на Марс.
Се работи за долгорочна визија на Елон Маск и неговите планови да ги направи луѓето интерпланетарен вид. Тој рече дека лансирањето на ракетата Starship чини 2 милиони долари, а градот на Марс ќе стане реалност. За таа цел, треба да лансираат околу 1000 ракети кои ќе пренесуваат инфраструктура во период од 20 години. Одалеченоста од Марс реално би дозволувала еден лет на секои две години.
Маск говореше за тоа колку материјал може да пренесе Starship.Тој вели дека Starship во идеални услови може да лета два до три пати дневно. Ако се земат предвид функционалните летала кои транспортираат материјал, годишно може да се транспортираат до 500 тони.
Пред да се направи место за живеење, потребно е да се направи лет на Црвената планета за да се направи потребното истражување. Меѓутоа, сега се очекува космонаутите да се вратат на Месечината. НАСА најави дека тоа ќе се случи до 2024 година.
Во минатото, Маск ја споменуваше мисијата на Марс која би требала да се случи до 2024 година, иако тој рок се чини како премногу амбициозен.
Извор: Klix.ba
Текстот Елон Маск планира да го изгради првиот град на Марс е превземен од USB.mk.