„Одмазници завршница“ прогласен за најдобар филм во 2019 година

Филмот „Одмазници завршница“ Avengers: Endgame беше прогласен за најдобар филм за 2019 година, на годинашните американски „Награди од публиката“ People’s Choice Awards. Глумецот Роберт Дауни Јуниор ја освои наградата за најдобар глумец за улогата на „Ајронмен“, во истоимениот филм, а за најдобра глумица беше прогласена Зендеја Мери Колман глуми во филмот „Спајдермен“.

За најдобра комедија прогласен е филмот „Мистериозно убиство“ со Џенифер Анистон и Адам Сендлер во главните улоги. Најдобра драма е „Потоа“ (After), a најдобар семеен филм е „Аладин“.

Том Холанд со улогата во „Спајдермен“ е прогласен за акциона ѕвезда. А, Бијонсе во „Кралот лав“, доби награда за најдобра „анимирана ѕвезда“.

„Ловци на сенки“ (Shadowhunters) победи во категоријата за најдобро научнофантастично и фантастично шоу за 2019 година.

Најдoбра ТВ-серија, како и драмска серија, според публиката, е „Почудни нешта“ (Sranger Things). Најдoбра хумористична ТВ-серија е „Бубалици“ (The Big Bang Theory).

За најдобро реално шоу е прогласено „Шоуто на Кардашијан“. Клои Кардашијан е ѕвездата од реалните шоуа за 2019 година.

Најдобра песна на годината е „Señorita“ на Шон Мендес и Камила Кабело. Пејач и пејачка на годината се Шон Мендес и Били Ајлиш. Најдобра група е „Блекпинк“.

За најдобар албум, публиката го прогласи „Lover“ на Тејлор Свифт.

Музички видеоспот на годината е оној за „Kill This Love“ на „Блекпинк“, кои како бенд ја имаат и најдобрата турнеја за 2019 година.

Од новите категории, наградата за ѕвезда на социјалните мрежи отиде кај Дејвид Добрик, а за позната ѕвезда на социјалните мрежи – кај Елен Деџенерис.

За „инфлуенсер на убавина“ а социјалните мрежи е прогласен Бретмен Рок.

За подкаст на годината е прогласена емисијата „Scrubbing“ на Бека Тајли и Тања Рад.

Текстот „Одмазници завршница“ прогласен за најдобар филм во 2019 година е превземен од Reporter.mk.