Градските власти во Њујорк почнаа со подготовките на Божиќните празници. Во центарот Рокфелер вечера беше поставена норвешка смерка долга 23,5 метри купена како фиданка пред 60 години.
Елката била претходно во сопственост на Керол Шулц која со нејзиниот партнер Ричард О’Донел во 2010 година ја понудиле нивната смрека преку интернет страницата на центарот Рокфелер, за потенцијално дрво кое ќе го краси плоштадот.
Нивната смрека е избрана за најпознатата новогодишна елка на светот. Шул и Ричард ја купиле елката во 1959 година и ја засадила во нивниот двор. Градските служби го исекле дрвото во четвртокот и со кран го натовариле на камион.
Церемонијата на палење на украсните светилки ќе се одржи на 4 декември. Ланската елка, исто така смрека од Норвешка, беше висока 23 метри и тежеше 17 тони. Првата елка на Рокфелер е поставена во 1931 година, за време на изградбата на Центарот, кога работниците собрале пари и купиле елка висока шест метри, која потоа ја украсиле.
Текстот (Видео) Во Њујорк поставена новогодишната елка е превземен од Reporter.mk.