Исландскиот актер Стефан Карл Стефансон, кој го глумеше негативецот Роби Ротен во детската серија „Мрзливиот град“, почина во својот дом на 43 години од рак на панкреасот. Ракот му беше дијагностициран во 2016 година, па веднаш беше опериран. Годинава во март актерот објави дека болеста се вратила и дека овој пат не може да се оперира.
„Дури кога ќе ви кажат дека наскоро ќе умрете, тогаш сфаќате колку е краток животот. Времето е најважна работа во животот, бидејќи никогаш не се враќа. Без разлика дали ќе го поминете во рацете на саканата личност или сами во затворска ќелија, животот е она што ќе направите вие од него“, напишал Стефансон тогаш на „Твитер“.
Актерот зад себе ги остави сопругата Стенијун Олин и четири деца.
Текстот Почина Роби Ротен од „Мрзливиот град“ е превземен од Reporter.mk.