Yeezy: Еколошки патики направени од алги (ВИДЕО)

Модната линија Yeezy, зад која стои Кање Вест, на 7. ноември го претстави прототипот на патики направени од еколошки материјал.

Загриженоста за состојбата на планетата стимулира сè повеќе еколошки проекти, па така на ред дојдоа и што патиките направени од алги. Прототипот на новиот модел на на Yeezy патики е направен во Атланта од етилен-винил ацетат и пена произведена од алги, а објавено е дека компанијата планира и изградба на фарма, на која би се одгледувале алги потребни за производство на овој и идните модели на еко-обувки.

Патиките го добија името Yeezy Foam Runners, а моделот беше најавен уште во септември, па уште тогаш можеше да се слушне дека патиките би требало да се најдат во продажба во 2020 година. Сè уште не е јасно дали сите модели ќе бидат направени од алги, или станува збор за само еден модел, а патиките веќе на почетокот на следната година ќе можат да се купат по цена од 75 долари.

 

.

Текстот Yeezy: Еколошки патики направени од алги (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.