Американскиот глумец Овен Вилсон не сака да ја запознае едногодишната ќерка Лејла, тврди мајката на девојчето, глумицата Варуни Вонгсвиет. 50-годишниот Вилсон и 15 години помладата Варуни беа во врска 5 години, а откако раскинаа, таа откри дека е бремена. Вилсон тогаш направи тест за татковство за да потврди дека детето е негово.
„Тој помага финансиски, но тоа никогаш не ни беше потребно. Никогаш не ја видел, не учествува во одгледувањето на ќерката“, рече Варуни во интервју за „Дејли меил“. „Треба да ја видиш својата ќерка, таа е неверојатна, навистина многу пропушташ. Таа изгледа како тебе“, му се обратила актерката преку интервјуто.
Инаку, Вилсон има уште две деца со две различни жени, но нив редовно ги посетува и одржува добри односи со нив.
Текстот Овен Вилсон не сака да ја запознае својата ќерка е превземен од Reporter.mk.