Хилари Клинтон изјавила дека би сакала да ја прегрне Меган Маркл и да ја мотивира да продолжи како
и досега . Мотивот за ова е што според политичарката смета дека медиумите ја користат секоја прилика јавно да ја „распарчуваат“ Меган поради нејзиното минато. Принцот Хари и војвотката Меган веќе поднесоа неколку тужби против британските медиуми.
„Кога ќе погледнете наназад, откако ја објавија нивната веридба, нејзината раса е постојана тема. А, со
самото тоа што некој уредник одобрил такво нешто да се објави, веќе сè е многу погрешно. Таа беше
успешна. А потоа се вљуби во него. И треба да се слави таа љубов. Се чувствувам како мајка која сака
да го гушно своето дете, да ѝ кажам дека ќе биде добро и да не дозволи негативните луѓе да ја
уништат“, изјавила Клинтон.
Текстот Хилари Клинтон: Сакам да ја прегрнам Меган Маркл е превземен од Reporter.mk.