Снимен крап со „човечко лице“ (ВИДЕО)

Прилично необична риба беше забележана во езеро во Кина. Поради необичната форма на главата на крапот, се добива впечаток дека рибата има човечко лице.

Посетител на село во близина на јужниот кинески град Кунминг, каде што биле забележани риби, снимил „крап со човечко лице“. Видеото беше споделено и на кинеската социјална мрежа Веибо.

На снимката, која предизвика многу коментари, се гледа рибата како плива до работ на езерото и ја удира главата над површината на водата.

Друг крап, чија глава личи на човечко лице, беше пријавен во 2010 година. Во тоа време, Британецот Бренан О’Саливен тврдеше дека купил „нормален крап“, кој потоа почнал да „развива карактеристики на лицето како човек“, пишува „Мирор“.

Текстот Снимен крап со „човечко лице“ (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.