Вечерва со почеток во 20 часот еден од најпопуларните светски музчари Брајан Адамс, ќе има концерт во Скопје, во А1 Арената. Органзаторите „Авалон“ продукција го најавуваат како „финален светски проект за оваа концертна година во Македонија“.
„На 13-ти ноември (денот кога градот секако слави) во Скопје за прв пат во живо ќе се слушнат „Summer of 69“, „Heaven“, „Please Forgive me“, „Everything I do (I do for you)“, „Have You Ever Really Loved a Woman“ и многу други“, велат од “Авалон“.
Брајан Адамс доаѓа во Скопје во рамките на големата светска „Shine a light“ турнеја наречена по истоимениот нов албум, со која настапува во најголемите концертни арени ширум светот.
Текстот Брајан Адамс вечерва во Скопје: Светски концерт за Денот на градот е превземен од Reporter.mk.