Лидија Вуќичевиќ со хит-комедијата „Чекајќи го министерот“ во Струмица

Мега популарната актерка, која целата јавност ја познава по многуте филмови и серии, како „Жикина династија“, „Подобар живот“ и уште многу други, во петок на 15 ноември гостува со хит-комедијата „Чекајќи го министерот“ во Центарот за култура во Струмица.

Оваа хит-комедија ги освојува срцата на сите каде што гостува. Во неделата и понеделникот тие настапија во Театар Комедија пред преполна сала. А Лидија во петок заедно со Милан Пајиќ и Семир Гичиќ ќе го чека министерот во Струмица.

Претставата ќе се одигра во Центарот за култура, почеток 20 часот, билетите се по цена од 200 ден.

Текстот Лидија Вуќичевиќ со хит-комедијата „Чекајќи го министерот“ во Струмица е превземен од Reporter.mk.