Дневен хороскоп за 23 август

Овен 

Случувањата на работа ќе ви бидат во мислите во текот на целиот ден, па затоа многу е веројатно да се чувствувате отсутни. Вашата желба за патување на егзотични дестинации ќе биде се поблиску до својата цел, бидејќи ве очекува покачување на платата.

Бик

Добро би ви дошло денес по  крајот на напорниот работен ден да се опуштите со читање книга. Личност од спротивниот пол ќе ви патува низ мислите, но не грижете се, и таа личност има чувства за вас.

Близнаци

Вашата немарливост и неодговорност ќе излезе на виделина, а за тоа пријателите може да ви обратат неколку критики. Прифатете ги, бидејќи тие ви мислат само добро. Почестете ги со вашето присуство на журката која ја приредуваат.

Рак

Во последен период имавте големи трошоци, па денес е крајно време да размислите на што ќе го потрошите вашиот ограничен буџет. Искористете ја оваа слободна вечер за мало опуштање со пријателите, која секако ќе во донесе добро расположение.

Лав

Не заморувајте се со проблемите на работа и со коментарите упатени на ваша сметка. Повикајте ги пријателите на домашна журка, а потоа излезете и забавувајте се до утринските часови.

Девица

Ако сакате да поразговарате со партнерот за некои важни работи, денес е вистинскиот ден за тоа. Кажете му го вашето мислење за сѐ, дури иако знаете дека можеби нема да му се допадне. Останете во своја кожа, не правете се друга личност.

Вага

Ова нека биде ден посветен на вас и на вашите задоволства. Направете го оној чоколаден колач кој ви се допаѓа и дозволете си да го изедете цел. Денес е ден на релаксација, а во таков ден диетите не постојат.

Скорпија

Поради добрата местоположба на Венера, денешниот ден ќе ви помине во знакот на романтиката. Искористете го овој ден за целосно да се посветите на партнерот, а ако не сте во врска, преземете го првиот чекор за да се приближите некому!

Стрелец

Поради различните мислења и интереси, ќе доживеете мала караница со партнерот. Но, не грижете се непотребно, напнатоста во воздухот ќе исчезне уште вечерва. Во меѓувреме, смирете се читајќи некоја книга или на кафе со пријателите.

Јарец

Научете се да не користите изговори за сѐ што ќе ви се каже. Некогаш потрудете се да направите нешто што не е по ваша волја, само да не ги растажите пријателите. Ако сакате да направите промена во вашиот изглед, направете го тоа денес.

Водолија

Денешниот ден ќе ви биде од голема важност, затоа размислете добро како ќе го искористите. Доколку не сте во врска, некој од вашите пријатели ќе сака да ве запознае со некоја интересна личност, прифатете ја понудата.

Риби

Нема причина за грижа, вашиот љубовен живот од ден на ден оди во нагорна линија. Но, внимавајте, доколку сакате да започнете романса со нова личност, време е да ги расчистите сметките со старата љубов.

Текстот Дневен хороскоп за 23 август е превземен од Reporter.mk.