Изневерена пред свадбата, Џенифер Лопез во романтична комедија

Пејачката и глумица снима романтична комедија „Ожени ме “ а партнер во филмот и е познатиот Овен Вилсон.

Според списанието „Варајати“ филмот ќе биде нешто помеѓу “ Нотинг хил“ и „Ѕвездата е родена“.  Џенифер Лопез во филмот игра девојка која го открива неверството на нејзиниот иден сопруг, и тоа непосредно пред свадбата. Романтичната комедија ќе има премиера на 1 јануари 2020 година.

Интересно е што во филмот гардеробата која ја носи Џенифер е шик, па така за филмот може да се каже и дека моден. Меѓу познатите дизајнери на гардеробата за филмот е и либанскиот моден дизајнер Зухаир Мурад кој ја креирал венчаницата за оваа прилика.

 

 

Текстот Изневерена пред свадбата, Џенифер Лопез во романтична комедија е превземен од Reporter.mk.