Калиопи среде настап слезе од бина и му се фрли во прегратки на Милан Калиниќ

Поп дивата Калиопи имаше голем солистички концерт  во Комбанк Арена во Белград кој се одржа викедов. Таа пред многубројната публика ги отпеа своите најголми хитови, а на присутните им приреди изненадување, кога се симна од сцената и  му се фрли во прегратки на познатиот актер Милан Калиниќ, кој беше во публиката. Потоа двајцата започнаа да играат. Калиопи сподели видео од сцената со Калиниќ.

„Каква радост е да имаш вакви луѓе околу себе. Спонтаност, љубов и исполнување на желбите. Ти благодарам драг пријателе на овој спонтан момент во Белград“, рече Калиопи. На својата официјална страница таа откри дека е презадоволна од тоа како поминува турнејата.

“Се уште сум под впечатоци. Белграде, дали си свесен што ми направи? А вие, Крушевац, Јагодина, Крагуевац, Ваљево? Свесни ли сте што ни дадовте? – напиша Калиопи.

 

Поп дивата Калиопи наголемо настапува низ градовите во Србија. Таа веќе имаше концерти во Крушевац, Јагодина, Крагуевац, Белград и Ваљево, а до крајот на овој месец таа ќе пее и во Краљево, Лазаревац, Панчево и Ниш. Лани одржа голем солистички концерт во Белград, во ,,Сава центар”, но и турнеја низ поголемите градови во Србија и регионот. Засега ја нема во Македонија, ниту пак е во најава некаков нејзин настап. Последниот концерт во Скопје беше во Метрополис Арена на 14. февруари 2009 година.

Текстот Калиопи среде настап слезе од бина и му се фрли во прегратки на Милан Калиниќ е превземен од Reporter.mk.