Српската актерка Ангелка Припиќ која публиката ја памти од популарната ТВ серија „Андрија и Анѓелка “ е во Скопје. Таа долго му беше телевизска партнерка на Андрија Милошевиќ со кого во серијата се момче и девојка во долга врска, живеат заедно, искрено се сакаат, ама и секојдневно се караат и си одат еден на друг на живци.
Првата фотографија дека е тука ја објави на Инстаграм Игор Џамбазов, кој напиша : „Игор и Анѓелка, новата играна серија – наскоро“. Се зборува дека популарната српска актерка е во Скопје зардаи снимањето на некоја од новите епизоди на „Преспав“. Продуцентите уште пред почетокот на снимањето веќе најавија дека во новите епизоди ќе има актери од надвор, како што тоа лани беше бугарската актерка Јана Маринова .
Текстот (Фото) Анѓелка го остави Андрија за Игор Џамбазов е превземен од Reporter.mk.