(Фото) Принцот Вилијам го прекрши протоколот бакнувајќи ја Рита Ора

Војводата од Кембриџ синоќа за време на добротворна вечера се прегрнал и бакнал со пејачката Рита Ора. Неговиот потег кој бил снимен од папараците, наиде на различни реакции на социјалните мрежи.

Некои го поддржаа и се радуваа затоа што принцот бил спонтан, додека многумина го осудија и сметаат дека тоа што го направил е недозволиво.

„Срамно е што на овој начин идниот британски крал го крши протоколот. Принцот Вилијам треба да гледа и учи од помладиот брат Хари и начинот на кој тој ја почитува Меган. Хари не ја остава сопругата дома и оди да брка други жени“, биле некои од коментарите на социјалните мрежи.

Принцот Вилијам на настанот се појавил без Кејт Мидлтон, која останала дома. Друштво на Вилијам му правела принцезата Битрис.

Текстот (Фото) Принцот Вилијам го прекрши протоколот бакнувајќи ја Рита Ора е превземен од Reporter.mk.