Познатата српската пејачка Јелена Томашевиќ на 27 август ќе одржи концерт во Крива Паланка со почеток во 21 часот. Концертот е на Градскиот плоштад, а Јелена гостува по повод одбележувањето на Денот на рударите.
Пред да настапи Томашевиќ, како нејзина предгрупа ќе настапат Димитар Андоновски и „Тајфата“.
Претходно, на 25 август, на градскиот плоштад ќе се одржи седмото издание на „Џојфест“, на кое ќе настапи на „Рибја чорба“.
Текстот Томашевиќ во Паланка за Денот на рударите е превземен од Reporter.mk.