Јапонскиот вселенски брод Hayabusa 2 тргна на едногодишно патување назад кон Земјата по успешната мисија на собирање примероци и податоци кои би можеле да дадат увид во потеклото на Сончевиот Систем.
Јапонската агенција за вселенски истражувања соопшти дека вселенскиот брод ја напушти орбитата околу астероидот Ryugu, оддалечен околу 300 милиони километри од нашата планета.
Hayabusa 2 двапати успешно се спушти на астероид и собра податоци и примероци во текот на една и полгодишната мисија, откако стигна на целта во јуни, 2018 година.
Научниците се надеваат дека примероците содржат органски материи кои би откриле поврзаност со Земјата.
Извор: Klix.ba
Текстот Вселенскиот брод Hayabusa 2 тргна назад кон Земјата, носи драгоцени примероци е превземен од USB.mk.