До 2050. година светот ќе има една валута, истополните односи повеќе нема да бидат табу, на Арктикот речиси да нема мраз, роботите ќе имаат емоции како луѓе, ќе се појават нови религии, а бебињата ќе добиваат идентификациски чипови, предвидуваат футуролозите.
Сите кои ги интересира како ќе изгледа иднината за 10,20 или 30 години, на интерактивната интернет страница на компанијата Kaspersky Lab можат да ги истражат различните предвидувања на тема како тогаш ќе изгледа светот. Станува збор за интерактивниот проект „Земја 2050“, на кој футуролози, научници и корисници на интернет од сите краеви на светот ја предвидуваат иднината.
До 2033-та година 47 проценти од работите на човекот ќе можат да ги преземат роботите. Роботизацијата ќе влијае на економијата на сите нивоа, а луѓето ќе бидат ослободени од најодговорните, монотони задачи.
Едно од предвидувањата е дека егзоскелетите ќе ги зголемат физичките способности на луѓето, од секојдневниот живот во кој лицата со инвалидитет ќе можат да се движат без помош на инвалидски колички, па се до истражување на вселената и одбраната, бидејќи војниците во “механички одела” ќе бидат практично неуништиви.
До 2050. година ќе се појави првата општа глобална вештачка интелигенција. Напредокот во сферата на квантните компјутери ќе им овозможи на роботите во целост да го реконструираат светот околу себе и да имаат емоции, амбиции, мотивација и логика.
До средината на векот ќе напредува способноста за паметење на се и неверојатната брзина на учење на нови работи ќе стане вообичаена. Децата ќе бидат опремени со најнови импланти за зголемување на меморијата, кои ќе им помагаат во учењето.
Оштетувањата на мозокот, поради повреда на главата, ќе може да се лечат, како и губење на помнењето.
Се предвидува и дека до 2050-та година во светот ќе има само една валута, а на луѓето ќе им треба идентификациски чип за да ја користат. На сите ќе им биде доделен имплант веќе при раѓањето. Без чип нема да може ништо да се купи или да се продаде.
Постојат предвидувања дека ќе дојде до ширење на нови религии, а нивните следбеници ќе ги почитуваат вештачките и интелигентни „божествени ентитети”.
Глобалното затоплување ќе продолжи и Северниот пол ќе се истопи до степен што во текот на летото на Арктикот ќе нема мраз. Тоа ќе отвори можности за пловење на воени и трговски бродови, па дури и за создавање на арктички одморалишта.
До 2050. година во западните општества истополната љубов и сексуалност ќе бидат распространети и прифатени. Табуата околу истополните односи ќе исчезнат, па многу луѓе ќе имаат такви меѓусебни релации, макар и само привремено или експериментално.
Извор: B92.net
Текстот Светот во 2050: Роботи со емоции, деца со чипови, летување на Арктик и истополова љубов е превземен од USB.mk.